Градоначалничката на Општина Битола и комисијата задолжена за избор на програмските содржини за 12 то издание на БИТ ФЕСТ, денес ја соопштија програмата на овогодинешното Битолско културно лето. Културниот живот, ова лето во Битола, ќе биде исполнет со 58 настани кое се дел од програмата на БИТ ФЕСТ, а кои се избрани врз основа на големината, значењето на настаните, но и комплетноста на документацијата и јасно претставената идеја од апликантите. „Битолското културно лето, нема да има отворање и затворање. Битола е град на културата 365 дена. Тоа е првото нешто што покажува промена на концептот. Исто така, во името на транспарентноста, за првпат отворено ќе се знае сумата потрошена за културата ова лето. Вкупно одобрени средства во програмскиот дел се 5 240 000 денари и тоа: 3 240 000 денари од буџетот на Општина Битола и за првпат 2 000 000 денари од буџетот на Република Македонија. Вкупната сума, е неколкукратно пониска од минатите години. Не затоа што не треба да се троши, туку затоа што природата на трошоците има карактер на класифицирање по приоритет. Една локална самоуправа, мора да мисли на сите аспекти на животот во општината, од култура до инфраструктура. Изборот се изврши со селекторски тим со членови компетентни по одредени области“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. Градоначалничката информираше, дека при селектирањето на содржините, се водеше грижа за повеќе аспекти: комплетност на документација, селекција на настани за различни вкусови, различни возрасти и различни етнички заедници. Исто така, вниманието беше насочено кон манифестации со долгогодишна традиција или дефиниран имиџ на препознатливост од понов датум. Битола, како конзулски град за првпат годинава, преку соработка во културата, започнува со зајакнување на соработката со амбасадите во Република Македонија. „Изразувам огромна благодарност до сите амбасади и конзуларни претставништва, кои со свои организации овозможија да го збогатат културното лето во Битола, оваа година“, додаде градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. Битолското културно лето, започна со Празникот на музиката „Солтис“, ќе заврши на 25 август со Широк Сокак во бело, а ќе биде исполнето со културни настани за сите возрасти.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор