Данок на имот

Данок на имот

ДАНОК НА ИМОТ

1.ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

ОБВРЗНИЦИ НА ДАНОК НА ИМОТ СЕ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА КОИ СЕ : СОПСТВЕНИЦИ, КОРИСНИЦИ ИЛИ  ПЛОДОУЖИВАТЕЛИ НА ИМОТОТ

2.ДАНОЧНА ОСНОВА

ПРЕТСТАВУВА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖНИОТ ИМОТ УТВРДЕНА ОД ОВЛАСТЕН ПРОЦЕНИТЕЛ СПОРЕД МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОЦЕНА НА ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ („Сл.весник на РМ “бр.54/2012…142/14)

3. ВИСИНА НА ДАНОКОТ

ИЗНЕСУВА 0,10%  ОД УТВРДЕНАТА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА НЕДВИЖНОСТА

4.ОСЛОБОДУВАЊА

ДАНОК СЕ НАМАЛУВА ЗА  50 % ДОКОЛКУ СТАНОТ/КУЌАТА СЕ КОРИСТАТ ЗА ЖИВЕЕЊЕ,  СО ДОКАЗ ЛИЧНА КАРТА

5. ДАНОЧНА ПРИЈАВА

СЕКОЈ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК Е ДОЛЖЕН ДА ГО ПРИЈАВИ НЕДВИЖНИОТ ИМОТ  И ТОА ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА СТЕКНУВАЊЕТО НА ИМОТОТ ИЛИ ОД ОТПОЧНУВАЊЕТО НА КОРИСТЕЊЕ НА ИМОТОТ.

БЕСПЛАТЕН ОБРАЗЕЦ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА СЕ ПОПОЛНУВА И ПОДНЕСУВА  НА ПРИЕМЕН ШАЛТЕР

ЗА НЕПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА НА ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК МУ СЕ ИЗРЕКУВА МЕРКА ГЛОБА ПРОПИШАНА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ.

6.РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ

СЕ ДОНЕСУВА  СЕКОЈА  ГОДИНА  ЗА СЕКОЈ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК ВРЗ ОСНОВА НА ПОДНЕСЕНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА И ДАНОЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА.

7.РОК НА ПЛАЌАЊЕ

ДАНОКОТ НА ИМОТ СЕ ПЛАЌА ТРИМЕСЕЧНО И ПРИСТИГНУВА ЗА НАПЛАТА ВО СРЕДИНАТА НА СЕКОЕ ТРОМЕСЕЧЈЕ ИЛИ ВО РОК ОД 15 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕТО/ПРИЕМОТ НА РЕШЕНИЕТО, А ЗА СЕКОЈ ДЕН ЗАДОЦНУВАЊЕ СЕ ПЛАЌА ДНЕВНА КАМАТА ОД 0,05%

8.ДОСТАВУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

РЕШЕНИЕТО СЕ ДОСТАВУВА ДО ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК НА ПОСЛЕДНАТА ПРИЈАВЕНА АДРЕСА НА ОБВРЗНИКОТ ОД ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА ПРЕКУ ДОСТАВНА СЛУЖБА ИЛИ ПРЕКУ ПОШТА

9.ТУЖБА

-ПРОТИВ ДОНЕСЕНИТЕ  РЕШЕНИЈА  ЗА ДАНОК НА ИМОТ –СО ДАТА НА ДОНЕСУВАЊЕ ДО 04.09.2015 г.МОЖЕ ДА СЕ ИЗЈАВИ ЖАЛБА, ДО ОПШТИНА БИТОЛА, ВО РОК ОД 15 ДЕНА СО  УПЛАТЕНИ  250 ДЕНАРИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ НА  СМЕТКА:840-103-03182 и приходна шифра 722-315, ПОДНЕСЕНАТА ЖАЛБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

10. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА

– РОКОТ ЗА РЕШАВАЊЕ ПО ЖАЛБА ИЗНЕСУВА 15 ДЕНА ДОКОЛКУ СЕ ПОСТАПУВА ВО ПРВ СТЕПЕН, ВО СПРОТИВНО ЖАЛБАТА ВО РОК ОД 5 ДЕНА СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ СЕ ПРЕПРАЌА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.

11.ТУЖБА

-Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .

ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

ПРЕЗЕМИ ОБРАЗЕЦ ЗА ЖАЛБА