ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА РЕИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА РЕИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Градоначалниците од деветте општини на Пелагонискиот плански регион, на 16-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, едногласно донесоа одлука за реизбор на градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, за претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, со мандат од две години.

Покрај оваа точка, градоначалниците во рамките на 16-тата седница, беа информирани за тековниот повик и аплицирањето за нови проекти преку Бирото за рамномерен регионален развој за 2020 година.