ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА НА 13 ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА НА 13 ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, на денешната 13 та седница на Советот на Општина Битола, детално одговори на повеќе советнички прашања. Веднаш после одговорите на советничките прашања, градоначалничката го презентираше кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за првиот квартал за 2018 година. Податоците од кварталниот извештај покажуваат финансиско консолидирање на Буџетот на општината кое е резултат на домаќинското менаџирање на буџетот. Тоа пред се, се гледа во усоглсасување на приходите и расходите. Особено позитивно е што структурата на расходите покажува значително зголемување на капиталните расходи во општината. Кварталниот извештај e достапен на веб страната на Општина Битола.