ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА НА СРЕДБА СО КОНГРЕСНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА НА СРЕДБА СО КОНГРЕСНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

Конгресната делегација при Соетот на Европа преку електронски пат, одржа работна средба со Националната делегација во Конгресот и Националната асоцијација на Република Северна Македонија. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, како шеф на Националната делегација, беше дел од оваа средба, на која од македонска страна учествуваа и Висар Ганиу заменик-шеф на делегација и градоначалник на Општина Чаир, Коста Јаневски градоначалник на Струмица, Ирена Мишева член на Градскиот совет на Скопје, Арбен Таравари градоначалник на Гостивар, Константин Георгиевски градоначалник на Охрид, директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ и Петре Шилегов како претседател на ЗЕЛС.

Градоначалничката Петровска разговараше со претставници од Советот на Европа на повеќе темн, меѓу кои и реформите и случувањата во локалните самоуправи во земјава, финансиските состојби на општините, распределба на надлежностите и одговорностите помеѓу општините и централната власт, предизвици за локалната самоуправа во Северна Македонија, управување со пандемиската криза од Ковид-19 во однос на консултации со централната власт и слобода да се одлучува за рестриктивни мерки, непотизмот во локалните самоуправи и Законот за административни службеници итн.

На средбата присуствуваше и Зденек Брос репортер за локалната демократија Советот на Европа, преку ваквите средби и мислења од градоначалниците, ги сублимира излагањата, кои понатаму ќе бидат преточени во нови заклучоци за спроведувањето на локалната самоуправа во земјава.