ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА НА СРЕДБА СО МАКЕДОНСКИ И ТУРСКИ СТОПАНСТВЕНИЦИ

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА НА СРЕДБА СО МАКЕДОНСКИ И ТУРСКИ СТОПАНСТВЕНИЦИ

Регионалната стопанска комора со седиште во Битола, заедно со Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), во Битола одржаа средба со битолските стопанственици, со цел уште повеќе да се зголеми економскиот развој на регионот, а екомонска таразмена да биде на повисоко ниво во меѓусебните односи од досегашната. На средбата се обрати и градоначалничката Наташа Петровска, која истакна дека Битола има отворени врати за соработка со бизнис секторот и за инвеститорите од Република Турција.

Од своја страна, стопанствениците од двете земји на средбата иницираа отворање на Бизнис клуб, преку кој полесно ќе се одвива соработката и одредените иницијативи. Инаку, стоковата размена меѓу двете држави изнесува 500 милиони долари, но стремежот е истата да достигне една милијарда.