Фудбалскиот клуб „Пелистер“ со натежнати бројни проблеми се враќа во 100% сопственост на Општина Битола.
Градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈП Водовод Пеце Милевски, присуствуваа на денешниот тренинг на фудбалерите на стартот на подготовките, по што заедно со стручниот штаб на клубот, разговараа за проблемите со кои се соочува ФК Пелистер.
Градоначалникот Коњановски, на средбата информираше дека локалната самоуправа во соработка со новата управа на клубот ќе даде комплетна поддршка на функционирањето на ФК Пелистер со цел негова стабилизација и санирање на заостанатите обврски, а во насока на постигнување на високи резултати на клубот во пролетната сезона.