ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА УНГАРИЈА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА УНГАРИЈА

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше работна средба со Амбасадорот на Унгарија, Н.Е д-р Ласло Иштван Дукс. На средбата на која присуствуваше и почесниот унгарски конзул во Битола Сашо Јанакиевски, се разговараше за повеќе важни проекти кои треба да се реализираат во општина Битола, меѓу кои и изградбата на пречистителна станица, проекти за подобрување на квалитетот на животната средина, како и можностите за зајакнување на соработката помеѓу Битола и градовите во Унгарија, во повеќе области, меѓу кои економскиот развој, спортот и културата.

Во насока на понатамошно заедничко делување, на денешната средба се разговараше и за започнување на постапка за збратимување на Битола со град од Унгарија.