ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ИМ ПОСАКА УСПЕШНА ГОДИНА НА УЧЕНИЦИТЕ, ОСОБЕНО НА ПРВАЧИЊАТА

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ИМ ПОСАКА УСПЕШНА ГОДИНА НА УЧЕНИЦИТЕ, ОСОБЕНО НА ПРВАЧИЊАТА

На почетокот на новата учебна година за сите ученици во основното и средното образование,  градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги посети основните училишта „Д-р Трифун Пановски“ и „Коле Канински“, каде им посака успешна учебна година на сите ученици, особено на најмладите, првачињата, кои со возбуда го дочекаа првиот училиштен ден.

„Верувајте, нема поубав момент за мене, за родителите и наставниците, да го започнете денот со најмладите.

Во мое име, во име на општина Битола и граѓаните на општина Битола, на најмладите, родителите и наставниците им посакувам многу трпение, многу успеси, многу смеа и радост, затоа што ако се потсетиме на моментите кога ние бевме на нивно место, тоа беа моменти на радост, но и на понекоја пуштена солза.

Се наоѓаме во ОУ „Др. Трифун Пановски“ кое подготвено ги пречекува овие деца. Ќе кажам еден статистички податок: од бројот на пријавени и запишани, имаме 799 првачиња, а минатата година имавме 783, што значи дека Битола нема пад во однос на запишаните првачиња. Бројот останува константен, што и не радува. Секогаш велам дека Битола има потенцијал, градот е жив и сите треба да се трудиме да помогнеме, секој во својот ресор, да овозможиме услови во овие тешки економски времиња за сите, да овозможиме воспитно-образовниот процес да се одвива како што треба. Овие моменти треба да се посветиме на враќање на семејството, на традиционалните вредности каде што децата треба да запомнат што е фамилија, што е училиште, бидејќи не е само образованието во прашање, туку и воспитниот процес во целост.

Училиштето Трифун Пановски направи реконструкции, имаше вложување во делот на инфраструктурата и се надевам дека секоја година, колку што сме во можност, секаде каде што треба, општина Битола за своите училишта ќе инвестира и помага, како и со помош на пријатели и спонзори.

Искрени честитки и убав почеток на учебната година“, посака градоначалникот Тони Коњановски, на првиот училишен ден во учебната 2023/2024 година.