ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ја посети фирмата МЗТ Инженеринг, каде имаше средба со директорот Иван Ангелин и раководителката на одделот „Ролформинг“, Билјана Ангелин. Од страна на раководството на фирмата, која е основана во 1984 година, градоначалникот беше детално информиран за процесот на работа, кој од 1998 година опфаќа сопствено производство, пред сé на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање, а врши и покривање и санација на кровови. Фирмата, произведува и електрична енергија од мали хидроцентрали, а наскоро производството ќе биде проширено и со фотонапонски панели

Од страна на раководството на МЗТ Инженеринг, беа посочени проблемите со кои се соочуваат повеќето фирми лоцирани на просторот на старата Индустриска зона, а кои се директно поврзани со потребата за подобра инфраструктура и пристапност до деловните објекти.

Градоначалникот Коњановски, потврди дека проблемот е видлив и токму поради тоа, општина Битола, преку програмата за економски развој е во фаза на изготвување на проектна документација за реконструкција на улицата „Индустриска“, со што значително ќе се подобри патната инфраструктура во овој дел на Битола.