ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ТЕКСТИЛНАТА ФАБРИКА ВО ЦАПАРИ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ТЕКСТИЛНАТА ФАБРИКА ВО ЦАПАРИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, и директорот на Индустриската зона „Жабени“, Владо Талевски, денес ја посетија фабриката ДООЕЛ Фалко во село Цапари, во која во моментот работат 250 граѓани од општина Битола. На работниот состанок со сопственикот на фабриката, Стефанос Тахматзидис, разговараа за можностите кои ги нуди фабриката, како и условите за работа.

Исто така, од страна на сопственикот, беше посочено дека, со оглед на големиот број на вработени и постојаното движење во овој дел на општината, неопходно е уредување на патната инфраструктура до фабриката. Градоначалникот нагласи дека, од страна на општината во идниот период ќе се направат заложби за преземање на конкретни чекори и реализација на проект за реконструкција на патот кој води до производствениот капацитет.

Инвеститорот Тахматзидис, кој во Индустриската зона „Жабени“, управува со фабриката ДООЕЛ Конкрит Солушнс, со директорот Талевски и градоначалникот Коњановски, разговараше и за идните можности поврзани со подобрување на инфраструктурата во индустриската зона, што е од големо значење за инвеститорите во зоната.