ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ПАЗАРОТ ВО ПОЛН ЕК

ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ПАЗАРОТ ВО ПОЛН ЕК

По прекинот во кој се извршуваа археолошките истражува во пазарот и препораките за натамошна постапка од страна на стручниот тим на НУ Завод и музеј Битола, продолжија градежните активности во делот од Градскиот пазар во близина на управната зграда. Во овој потег, се работи на изградба на настрешници во функција на објект на ЈП Пазари. Проектот опфаќа поставување на водоводна и електрична инсталација, по што ќе се изврши целосно поплочување на овој дел и ќе се постават челични настрешници, метални тезги и ограда.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, заедно со директорот на ЈП Пазари Владе Атанасовски, претседателот на Советот Валентин Груевски и екипите задолжени за реализација на проектот, извршија увид во градежните работи на терен. Градоначалничката потенцираше дека со завршувањето на оваа делница од пазарот, се надминува уште еден горлив проблем и за продавачите и за купувачите, во насока  на обезбедување нови и современи услови во еден од најубавите пазари во земјава.

Во меѓувреме заврши реконструкцијата на управната зграда на ЈП Пазари со енергетско-ефикасна фасада, а беа поставени и фотоволтаични панели за сопствено производство на електрична енергија.