Гости од збратимените градови во Србија и Франција денеска ја посетија општина Битола. Со градоначалникот Талески се сретнаа делагацијата предводена од Марко Бастаќ претседател на збратимениот Стари град, Белград и делегацијата предводена од Жак Грасер од збратимениот град Епинал во Франција.„35 години како што доаѓам во Битола, а 10 ти пат го претставувам градот Епинал. Годинава е посебен настан бидејќи се навршуваат 100 години од битката за Битола, кога имаше луѓе и од Епинал на тоа време кои што беа вклучени во таа битка. Ние во Епинал подготвуваме и изложба за Битола, односно за присуството на француските војници овде во Битола и 100 годишнината од битката во Битола. За нас е уште поважно затоа што имаме размена помеѓу училиштата и младите, затоа што многу е важно младите да знаат што се случувало пред 100 години, бидејќи порано многу малку се знаеше за присуството на француските војници во Битола и во Македонија“, изјави Жак Грасер од Епинал, Франција.Општина Битола со градот Епинал е збратимена веќе 48 година, а во изминатиот период остварила соработка во повеќе области, меѓу кои најмногу во делот на размената на ученици и противпожарната заштита. Соработката со Стари град – Белград особено е изразена на културен план, а во изминатиот период веќе направени се некои размени во оваа област.„Општина Битола и Општина Стари град имаат соработка долга 11 година. Денес разговаравме за проекти кои во идниот период заеднички ќе ги реализираме најмногу во областа на културата. Се надевам во идниот период ќе воспоставиме уште поголема соработка“, изјави Бастиќ, претседател на збратимениот град Епинал од Франција.Градоначалникот Талески ја потврди досегашната голема соработка со градовите Епинал и Стари град, притоа изразувајќи надеж за нејзино негување и унапредување во понатамошниот период.Покрај претставниците од збратимените градови, денешниот празник на градоначалникот на Битола и на сите граѓани на нашата општина им го честита и пратеничката во Европскиот парламент Маријана Петир од Хрватска, која во Битола учествува на Четвртата светска конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог. И покрај богатата агенда и зацртаните активности кои европратеничката Петир планира да ги реализира за време на својата работна посета во Република Македонија, сепак во текот на денешниот ден, издвои време за посета на општина Битола, каде што на средбата со градоначалникот Талески, присуствуваше заедно со пратениците Лилјана Кузмановска и Зоран Илиоски.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор