ГОСТИТЕ ОД 25 ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

ГОСТИТЕ ОД 25 ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, беше домаќин на средбата со претставници на делегациите и организаторите на 25 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој деновиве се одржува во Битола. На средбата, тој истакна дека е голема гордост градот Битола да е домаќин на веќе етаблираниот во светски рамки фестивал на Монодрама, а општина Битола и натаму ќе ја продолжи долгогодишната соработка и поддршка на овој значаен репрезент на културата.

Директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски посочи дека поддршката на општината е многу значајна за самиот фестивал, особено за учесниците, актери од целиот свет, за кои и оваа средба претставува особена чест.

Огромно беше задоволството на претставниците од државите учеснички од средбата со градоначалникот Коњановски. Делегациите од Бугарија, Турција, Ерменија, Казахстан и Обединетите Арапски Емирати, се воодушевени од градот, архитектурата, посетеноста на претставите од страна на публиката и топлината со која се пречекани од домаќините.

Учесниците од градоначалникот добија подарок во знак на сеќавање на оваа заедничка средба.