Во Магазата синоќа беше отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Битола. Триесетина уметници, членови на ова друштво имаат изложено над 40 свои модерни уметнички дела, со различни мотиви и техники, од помлади и повозрасни автори.
На градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска и беше доделена Благодарница за успешна соработка и афирмкација на активностите на Друштвото на ликовните уметници на Битола.
На отворањаето на изложбата, пред присутните се обрати претседателката на ДЛУБ Нела Петровска, а за значењето на изложбата говореше Лилјана Христовска.
Секоја година на традиционалнта изложба се доделува престижната награда за најдобро ликовно остварување – наградата ,,Борислав Траиковски’, која годинава отиде во рацете на ликовниот уметник и педагог, Александар Поповски.