Изградбата на гасоводот Неготино-Битола се одвива според предвидената динамика. Во увид на теренските активности во близина на РЕК Битола, денес беше премиерот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на МЕР Бајрам Реџепи, во присуство на градоначалничката Наташа Петровска, како и градоначалниците на Прилеп и Новаци, Илија Јованоски и Љубе Кузманоски.
„Од 92 километри колку што изнесува кракот на гасоводот од Неготино до Битола досега се поставени 66 километри.Ссе работи во близина на Новаци и според планот до крајот на септември ќе бидат реализирани 90 отсто или 80 километри од гасоводната мрежа. Многу е важно во овој процес забрзано да работат и општините, за да ја градат општинската мрежа и гасот што побрзо да го донесеме до компаниите и домовите. Затоа сме овде и со градоначалниците на Пелагонискиот регион. Ги анализирамеможностите за субвенции или евтини кредити, за оспособување на внатрешните инсталации и према за пристап и избор на поевтон еколошки енергенс.Гасификацијата ќе донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетните емисии на гасови во воздухот. Оваа изјава има своја тежина искажана во близина на РЕК Битола, затоа што мерната станица овде ќе биде со најголем потенцијал. Дел од овој гасовод, ќе биде наменет за транзиција на работата на РЕК Битола кога ќе дојде време за тоа, односно кога електрична енергија наместо од јаглен ќе се произведува од гас.Ова е само дел од нашиот план за намалување на загадувањето на воздухот“, рече премиерот Зоран Заев.
Директорот на МЕР Бајрам Реџепи, кој ја презентираше динамиката на изведба на гасоводот, очекува до крајот на оваа градежна сезона годината да бидат реализирани над 90 проценти од градежните активности.
„Навреме ќе ја завршиме оваа делница, а напролет ќе почнат испитувања за пуштање во употреба на гасоводот. Битола, доколку е подготвена, ќе може веќе од крајот на наредната година да ги приклучува на гасоводот објектите од градот“, изјави Реџепи.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ја потврди заложбата за навремено реализирање на гасоводната мрежа.
„Придобивките кои што компаниите ги имат се огромни, ќе се намалат цените за потрошувачка, а со тоа ќе бидат поконкурентни на пазарот. Ќе има и сериозни намалувања на цените во семејствата. Со користењето на овај енергенс, ќе има имас ериозно подобрување на животната средина и граѓаните ќе омаат една од најголемите придобивки во однос на зачувување и подобрување на животната средина“, посочи Сугарески.
Вкупната инвестиција на овој проект изнесува 2.239.000.000 денари.