ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА

ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА

Градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари средба со директорот на Камерната опера од Благоевград,  Република Бугарија, Петар Радевски и изведувачите, кои ќе настапат на вечерашниот Гала оперски концерт кој ќе се одржи во Големата сала на НУ Центар за култура од 18.00 часот, а чиј организатор е Камерната опера „Кирил Македонски” од Битола. Соработката помеѓу камерните опери од Битола и Благоевград, доаѓа по потпишувањето на Меморандумот за соработка и размена на претстави, солисти и музичари, од страна на директорот на  Камерната опера „Кирил Македонски” од Битола, академик Георги Здравев и директорот на Камерната опера од Благоевград, професор Петар Радевски. На вечерашниот „Концерт на француска музика“ настапуваат: Весна Гиновска Илкова – сопран, Борис Трајанов – баритон, Зоран Сотиров – тенор и Елена Сиљановска – пијанист, а ќе биде изведена следната програма:

1. Ж.Бизе Арија на Микаела од операта „Кармен“ – Весна Гиновска – Илкова
2. Ж. Бизе Арија на Дон Хозе од операта „Кармен“- Зоран Сотиров
3. Ж. Бизе Куплети на Ескамиљо од операта „Кармен“- Борис Трајанов
4. Ж. Бизе Дует на Микаела и Дон Хозе од операта „Кармен“ Весна Гиновска – Илкова и Зоран Сотиров
5. А. Тома Арија на Хамлет од операта „Хамлет“- Борис Трајанов
6. Ж. Масне Арија на Вертер од операта „Вертер“ -Зоран Сотиров
7. Ш. Гуно Арија на Маргарита од операта „Фауст“- Весна Гиновска – Илкова
8. Ж. Бизе Дует на Надир и Зурга од операта „Ловци на бисери“ во изведба на Зоран Сотиров и Борис Трајанов
Елена Сиљановска – пијано

Влезот за Гала оперскиот концерт е слободен.