ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА НА БУЏЕТСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА НА БУЏЕТСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Денес продолжија активностите во рамките на Буџетскиот форум 2023 година, со одржувањето на втората форумска сесија.

По усвојувањето на записникот од првата форумска сесија, модераторот ја презентираше структурата на буџетот на Општина Битола во проценти, приоритетите за развој на Општина Битола за 2024 година, а се одржа  презентација и дискусија за проекцијата на приходи на Општина Битола за 2024 година и предлози од граѓаните.

Присутните дискутираа и за дадените предлози од првата сесија и во периодот меѓу сесиите, како и за сработеното во работните групи, а се утврдија и следни чекори со инструкции за работа за наредните форуми.

Од страна на модераторот беа презентирани програмите кои форумските учесници ги утврдија на првата форумска сесија за понатамошно разгледување на следните сесии:

Ø Програма за социјална заштита;

Ø Програма за урбанистичко планирање;

Ø Програма за развојни планови;

Ø Програма за уредување на градежно земјиште;

Ø Програма за локален економски развој;

Ø Програма за активности во областа на спортот и младите;

Ø Програма за заштита на животната средина и природа;

Ø Програма за култура

Следната, трета по ред форумска сесија ќе се одржи по 7 дена.