ВРАЧЕНИ УВЕРЕНИЈАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ВРАЧЕНИ УВЕРЕНИЈАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Претседателот на Општинската изборна комисија, на денешната свеченост која се одржа во салата на Советот на Општина Битола, им ги врачи уверенијата за избран Градоначалник на Општина Битола на новата градоначалничка Наташа Петровска и на советниците од новиот состав на Советот на Општина Битола. „Локалните избори за градоначалник и членови на Советот на општина Битола се завршени. Роковите за поднесување приговор исто така се завршени, а воедно немаше ниту еден приговор на изборниот резултат. Општинската изборна комисија – Битола констатира дека објавените резултати се конечни и затоа организиравме свеченост на која ги врачивме уверенијата на избраниот градоначалник и избраните членови на Советот на општина Битола, изјави Зоран Насев, претседател на ОИК – Битола. Според официјалните резултати од изборите за членови на Советот на Општина Битола, одржани на 15 октомври 2017 година, новиот Совет на Општина Битола ќе го сочинуваат 17 советници од СДСМ и Коалицијата, 11 советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, 2 советници од независната листа „Поинаку“ (група избирачи – Габриела Илиевска) и 1 советник од Коалицијата за Битола предводена од ДУИ, Движење БЕСА, Алијанса за Албанците.