ВО СРЕДА ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ОБЈАВИ НОВ ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДОМЕСТОК НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ  НА ОПШТИНАТА ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД

ВО СРЕДА ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ОБЈАВИ НОВ ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАДОМЕСТОК НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНАТА ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД

Во среда 14 јули на веб страната на Општина Битола, ќе биде објавен новиот јавен повик за надоместок на дел од трошоците на  граѓаните  на општината за купување на велосипеди. Повикот ќе трае до петок 16 јули до 15.30 часот.

На повикот, ќе можат да аплицираат жителите на Општина Битола кои купиле велосипед во периодот од 16.06.2021 година (од периодот на претходно објавениот повик) до крајниот рок за аплицирање според новиот јавен повик (16.07.2021 година до 15:30 часот) и ќе поднесат Барање за искористување на правото за надоместок. Образецот и новиот јавен повик од среда од 7.30 часот ќе  бидат достапни на шалтерите во општината и на општинската веб страна.

Апликантите потребно е да ги исполнат условите наведени во јавниот повик, а распределбата на средствата ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен“, до искористување на средствата предвидени во буџетот за оваа намена.

Со овој јавен повик, Општина Битола продолжува да ги стимулира граѓаните за користење на превозни средства кои не го загадуваат воздухот, обезбедувајќи им на граѓаните поврат на дел од потрошените средства за купени велосипеди.