На иницијатива на градоначалникот, Тони Коњановски, годинава за првпат по повод, Денот на Заштитникот на градот, „Свети Нектариј Битолски“, општина Битола, доделува награди за талентираните и наградени ученици од основните и средните училишта од Битола. Бројот на пристигнати апликации, вкупно 197, потврди дека општината, има навистина многу талентирани деца, кои постигнуваат високи резултати и достојно ги промовираат градот и државата во меѓународни рамки.
Согласно, условите наведени во јавниот повик, оваа година, за постигнатите успеси во учебната 2021/2022 година, парична награда, ќе добијат 19 ученици, наградени за освоено прво место на меѓународни натпревари.
Оваа година, добитници на парична награда од општина Битола, се ученици од 7 основни училишта и едно средно училиште, односно учениците:
- Давид Стојчевски СДУ Музичко училиште
- Димитриј Стојчевски СДУ Музичко училиште
- Кристијана Илиевска ОУ Даме Груев
- Ана Матеска СДУ Музичко училиште
- Маркијан Поповски СДУ Музичко училиште
- Арсениј Ангелески СДУ Музичко училиште
- Стефан Митревски ОУ Климент Охридски
- Теона Буџаковска ОУ Елпида Караманди
- Јована Арсоска СДУ Музичко училиште
- Софија Михајловска СДУ Музичко училиште
- Алексеј Белевски ОУ Стив Наумов
- Андреа Николовска СДУ Музичко училиште
- Игор Наумовски ОУ Кирил и Методиј
- Ѓорѓи Димовски СДУ Музичко училиште
- Леонардо Димоски СДУ Музичко училиште
- Илина Момировска ОУ Стив Наумов
- Анастасија Петреска СДУ Музичко училиште
- Елена Вчковски ОУ Тодор Ангелевски
- Јане Петровски ОУ Коле Канински
Според податоците добиени од Министерството за образование, награда не се доделува за освоено прво место на натпреварот за популаризација на математиката „Кенгур“, бидејќи истиот не е меѓународен натпревар.
Општина Битола, верува дека овогодишните награди, ќе претставуваат мотив за сите ученици во општината и понатаму, да се насочуваат кон постигнување на високи резултати и градење на вистински вредности. Општината и во следниот период, продолжува да биде поддржувач и поттикнувач на учениците, со воведување на нови начини на стимулирање на нивните нови успеси и достигнувања.
Официјалното доделување на наградите на учениците е закажано за утре.