ВО БИТОЛА ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕН СПОМЕНИК НА ВОЈВОДАТА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ

ВО БИТОЛА ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕН СПОМЕНИК НА ВОЈВОДАТА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ

 

Споменикот на војводата Александар Турунџев, кој согласно програмата усвоена од Советот на Општина Битола, треба да биде наскоро поставен, е изработен. Автор на идејното решение на споменикот е Ѓорѓи Димовски, а изработката е извршена во ливница во Скопје под надзор на менторот Валентина Стевановска. На овој начин, општина Битола, дава свој мал придонес кон тоа што значи историска обврска и должност за достоинствено одбележување на делата на војводата.

„Споменикот е висок 3 метри, тежок 500 кг и ќе биде поставен на постамент од 2 метри. Изработен е од бронза, во вредност од 28 000 евра“, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.

Споменикот треба да биде поставен кај ветеринарната станица во Битола, каде што е предвидена изградба на кружен тек. Но, поради потребата за отстранување на дрвја во овој дел на градот за реализација на проектот за изградба на кружен тек, како и реакцијата на мештаните по ова прашање во понеделник во Општина Битола, претставници од мештаните од овој дел на градот и стручни лица ќе се обидат да најдат решение за реализација на проектот за изградба на кружен тек. Надминувањето на овој проблем ќе значи реализација на два проекти: изградба на кружен тек и поставување на нов споменик во Општина Битола.