ВО БИТОЛА СЕ ЧЕСТВУВАШЕ ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ, СВ. НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

ВО БИТОЛА СЕ ЧЕСТВУВАШЕ ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ, СВ. НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

Со свечена литургија посветена на Свети Нектариј Битолски,  утринава започна одбележувањето на патронот на градот Битола. На литургијата присуствуваше градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола и голем број верници во храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола.

По литургијата, се одржа литија, а поворката тргна од црквата Свети Великомаченик Димитриј, движејќи се по улицата „Кирил и Методиј“, покрај НУУБ „Свети Климент Охридски“, до хотел „Епинал“, а продолжи низ „Широк Сокак“ враќајќи се до црквата Свети Великомаченик Димитриј.

Точно на пладне, градоначалничката имаше средба со Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски Господин Петар. На средбата, тие разговараа за теми од општествениот живот, кои имаат заеднички допирни точки и за општината и за црквата.