Традиционалната вокална и инструментална музика е еден од најбитните сегменти на програмскиот мозаик на фестивалот „Илинденски денови“- Битола.
Во рамките на двете вокално инструментални вечери, врз база на дефинираниот концепт и соодветните критериуми, оваа година со сета своја оригиналност и мелодичност, ќе прозвучат вокални и инструментални теми од сите видови жанрови и обичајни циклуси, изведувани на традиционални инструменти соло или во група.
„ЕХО ОД ДАМАРИТЕ“- е првата вокално инструментална вечер што се одржа во дворот на Магазата. Нивната цел е да се отстапи повеќе простор за презентација и афирмација на традиционалните музички вредности.
На првата фестивалска вечер пред публиката настапија со: „Русалии“ с. Секирник,
КУД „Мирка Гинова“ Демир Капија, Група „Џомалари“ с. Ресава, ФА „Јанко Глигоров“ Свети Николе, ФА „ Туропоље“ В. Горица, Хрватска, КУД „Шкипоња“ Сарај, Скопје, ДФА „Китка“Истибања, и „Куартиере Вилланова ди Каљари“ Сардинија, Италија.
Фестивалот Илинденски денови е во покровителство на Министерство за култура и Општина Битола во програма на БИТ ФЕСТ 2015