По повод 22 март, Светскот ден на водите, директорот на ЈКП „Водовод“ Битола Горан Козаров истакна дека оваа година е година посветена на заштита на водата. Во таа насока ќе се одвиваат и активностите на ова јавно претпријатие, кое ќе работи на санација и отстранување на дефектите со цел да се намалат трошоците на вода, рече Козаров на средбата со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Тој апелираше и на зголемена свест кај граѓаните во однос на потрошувачката на вода, затоа што на глобално ниво веќе мора да се размислува на заштеда на овој основен животен ресурс.