ВЕЧЕР НА ИНСПИРАТИВНИ СПОРТСКИ ПРИКАЗНИ

ВЕЧЕР НА ИНСПИРАТИВНИ СПОРТСКИ ПРИКАЗНИ

Во организација на Здружението „ТАКТ“, а во соработка со Општина Битола и со поддршка на Амбасадата на Франција во Македонија, се одржа настанот „Вечер на инспиративни спортски приказни“. Настанот е дел од проектот „Жени лидерки во спортската индустрија“. Присутните имаа можност да слушнат инспиративни приказни за издржливоста и храброста, за надминување на предизвиците и бариерите во текот на градењето на спортските кариери на неколку истакнати спортистки од Битола, кои во македонската јавност се познати по своите значајни резултати. За својата истрајност и ангажман, зборуваа: Гордана Цветковска-Бошевска, Оливера Наковска-Бикова, Билјана Чурлевска-Маневска и Ана Котевска. Преку овој настан, на директен начин се прикажува големата улога на спортот во личниот и професионалниот живот на една жена. Присутните ги поздрави градоначалникот на Битола, м-р Наташа Петровска, која нагласи дека како поранешен спортист и професор, постојано се залагала за се поголемо вклучување на младите битолчани во спортот, а работата во оваа насока ја продолжува и сега, како градоначалник на Битола.