ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА

ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА

Во разновидниот програмскиот концепт на БИТ ФЕСТ 2015, вечерва во 21:00 часот на Магнолија, настапува ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ. Во изминатава повеќе од деценија и половина, Васил и неговите музичари неуморно и со голем успех ја свират нивната музика на концерти и џез фестивали, ширум Србија, но и во Европа и светот: Belgrade Enter Fest (настап пред Joe Zawinul), Белградски Jazz Fest, Нови сад Jazz Fest, Ниш, Валјево, Крагуевац, Крушевац, Кралјево, Лесковац, Подгорица, Цетиње, Никшиќ, Будва, Котор, Улцињ, Бања Лука, Сараево, Мостар, во Словенија Maribor Lent Fest, Cerkno Jazz Fest., Ново Место, Љубљана, Копер. Во Хрватска Opatija Jazz Fest, Пула, Пореч, Ѓаково, Чаковец, Загреб,  Benefit koncert (Берлин – Германија), Porgy and Bess jazz club, Joe’s Birdland, Balkan Fever Fest (Виена – Австрија), Bratislava Jazz Days (Словачка), Polichka Jazz Fest (Чешка), EXPO 2006. Aichi, Nagoya (Јапонија), Jazzycolors Fest (Париз – Франција), Teatro miela-solistički koncert, Трст (Италија), Pecs Jazz Fest, Будимпешта (Унгарија). Во Македонија во Скопје на  Skopje Soul and Blues Fest, во Куманово Jazz Fest, Охрид, Кавадарци, Ресен, Битола и пак вечерва во Битола на БИТ ФЕСТ. Васил за нивната музика вели дека е  fusion / џез музика со силно балканско влијание, објаснувајќи дека имаат слобода да екпериментираат и музицираат без условување, зашто тие не се ниту jazz bend, ниту world, ниту etno, ниту што и да е друго. Васил Хаџиманов настапува и во триото „Свети“ заедно со  тапанарот Марко Ѓорѓевиќ и гитаристот Марко Тријиќ. Триото „Свети“ го претставуваат како креативна демократија, во која авторски партиципираат сите членови на групата. Нивниот заеднички израз е емотивно впечатлив, спонтан, допадлив и оригинален. БИТ ФЕСТ полека се движи кон своето финале, вечерва на Широк Сокак и позната трка на штикли, а утре концерт на Калиопи.

BF2015Hadzimanov_1 BF2015Hadzimanov_2 BF2015Hadzimanov_3 BF2015Hadzimanov_4 BF2015Hadzimanov_5