ВАНДАЛИЗАМ ВО ГРАДСКОТО ШЕТАЛИШТЕ ВО БИТОЛА

ВАНДАЛИЗАМ ВО ГРАДСКОТО ШЕТАЛИШТЕ ВО БИТОЛА

Синоќа во Градското шеталиште беа целосно оштетени две канделабри и околни дрвја од страна на засега непознати лица. Утринава, екипи од ЈКП „Комуналец“ и Општина Битола, презедоа мерки за обезбедување на местото. Канделабрите се отстранети, а екипите на терен извршија изолација на жиците и каблите за струја, кои исто така биле искинати. Настанот е пријавен во битолската полиција, кои по извршениот увид на лице место, направија полициски записник.

Канделабрите се изработени од масивно железо тешко за отстранување, што значи дека за нивно уништување е употребена голема сила.

Се надеваме дека ваквите вандалски чекори во иднина нема да бидат повторна слика во градот на конзулите.