БЛАГОДАРНОСТ ЗА ПОКАЖАНАТА ГРИЖА, ХРАБРОСТ И ПОЖРТВУВАНОСТ

БЛАГОДАРНОСТ ЗА ПОКАЖАНАТА ГРИЖА, ХРАБРОСТ И ПОЖРТВУВАНОСТ

За доброволното ангажирање, покажаната храброст и пожртвуваност во гаснењето на пожарот во Националниот парк Пелистер на 18 и 19 септември, денес градоначалникот на Општина Битола, додели 56 благодарници на сите кои помогнаа да се совлада огнот. Присутните раскажаа за начинот на кој се организираа и за огромната желба да дадат свој придонес во гаснењето на пожарот, што на крајот резултираше со голем успех.
„Овде се луѓето кои што помогнаа при една огнена стихија која се појави во НП Пелистер и мислам дека на овие луѓе треба јавно да им се заблагодариме, затоа што тие се најбитните и помогнаа во најзначајниот момент. Јас инсистирав да дојдат сите кои што учествуваа, покрај институциите и другите учесници. Кога се појави пожарот, интервениравме да ги добиеме и двата авиони, ако може и хеликоптерот, затоа што се работеше за еден тешко пристапен терен, кој иако беше сува трева, опасноста од силниот ветер беше голема. Службено се обративме до сите надлежни институции и сите се вклучија во рекордно време, но многу беше важен човечкиот фактор. Сите овие луѓе ако не беа таму мислам дека можеше да се случи вистинска катастрофа, се работи за НП каде што има борова шума, која што брзо гори, но за среќа со луѓето вљубеници во Пелистер, успеавме да не се случи тоа. Ова е еден пример, кога сите се обединивме за заштита од една природна катастрофа. Им благодарам на сите учесници“, рече градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC