На градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и беше врачена Благодарница за успешна соработка и афирмација на активностите на Друштвото на ликовни уметници на Битола, од страна на претседателката на ДЛУБ Нела Петровска.
Претседателката на ДЛУБ Нела Петровска, на средбата со градоначалничката Наташа Петровска, посочи дека поддршката од Општина Битола во изминатиот период има големо значење за битолските уметници, во однос на промоција на нивните дела и нивната креативност. Таа ја посочи и синоќешната изложба, на која беа претставени цртежи и графики од нашите уметници.
Градоначалничката Петровска се заблагодари на срдечноста на ликовните уметници и истакна дека уметноста била, е и ќе биде дел од Битола, за што поддршката од страна на општината била видлива во нејзиниот мандат.