Интерактивна работилница 1 Здружение на граѓани „КИЧ“ Битола. Секој од учесниците т.е. посетителите на влезот добива празен лист на кој подоцна испишува буква, збор, мисла, цртеж … Тие материјали се собираат за конечната реализација на последниот ден од фестивалот. На еден видео бим постојано течат видеа од транформација на тела низ времето низ призмата на уметниците, модата и бодибилдингот. На другиот видео бим се одвива интерактивна презентација. Воведниот дел го има домаќинот на фестивалот , во кој се осврнува на самиот проект, значењето на концептот на градење во создавањето на едно креативно уметничко дело преку споредби со градењето на човечкото тело како уметност. Се осврнуваме кон релативното сфаќање на поимот „убавина“ низ историјата, нејзиното менување и начинот на креирање на стандардите за убаво во одреден општествен момент или епоха. Во делот на Словоѕиданието ќе се направи споредба на градењето на зборовите, речениците, стиховите … преку соодветна компарација со градењето на телото. Психологот ќе ја има задачата да ги анимира учесниците (преку интеракација и заеднички мини психотест) да ги поттикне да размислуваат надвор од вообичаените стандарди на перцепција на убавото, но и сфаќањето за себе, своето тело и самодовербата која многу влијае врз конечниот „ефект на убавина“. На крајот се дава заклучок дека Физичката култура е буквално дел од културата , животен стил и уметност, а не употребна техника за подобрување на здравјето, физичката кондиција или краткорочен естетски ефект .