Како дел од програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ во Малата сала на Центарот за култура во Битола, се одигра театарската претстава “Ѓерѓ Кастриот Скендербег”. Организатор на активностите за реализација на претставата е Здружението „22 Нентори“.
Театарскиот проект “Ѓерѓ Кастриот Скендербег”, напишан и изведен од Џеват Лимани, третира психолошки аспект на ораторски пристап на националните херои, спроти стратегија за борба против инвазијата на Отоманската империја. Драмските структури ги осквернуваат протагонистите и антагонистите, хероите и предавниците, платеници и патриоти. Авторот со еден хронолошки фрагментаритет претставува настани од клучно значење за животот и работата на херој на XV век, кој се борел за создавање на државата Арберит. Војната на Скендербег завзеде европски карактер, бидејќи херојот со неговата исцрпена армија и народ за 25 последователни години му се спротивстави на Императорската армија која беше десетици пати поголема во број и се разбира со тешко и софистицирано оружје. Но, стратегијата на Скендербег,честите напади со брзо повлекување, создадоа конфузија и фрустрација меѓу варварските орди што често реултираше со победа на битките. Неслучајно, Европа го сметаше за свој спасител. Додека денес овој херој е почестен не само од Албанците, туку и од многу народи во Европа.
Драмата на Ѓерѓ Кастриот Скендербеу, ја одигра албанско-американскиот актер Џеват Лимани, а Доника ја толкуваше сопранот Ера Хоџа, додека други ликови се појавуваа преку филмски секвенци и гласови. Музиката беше составена од г-дин. Александар Пеци. Костимографија е на Енкел Дика, сценарист е Кристак Капедани. Режија: Џеват Лимани и Мајкл Тило-актер и режисер во Холивуд.