БИТ ФЕСТ – СТИХОВИ ЗА БИТОЛА

БИТ ФЕСТ – СТИХОВИ ЗА БИТОЛА

Работилница посветена на создавање стихови и есеи за Битола, беше одржана по  втор пат на БИТ ФЕСТ, а учесници, млади талентирани луѓе од средните училишта и факултетите во Битола. Идејата е повеќекратна. Напрвин кај младите талентирани луѓе за литература да се отвори простор за нивни развој, надградба. По примерот на сите големи културни светски центри и Битола треба да има школа за креативно пишување, место каде младите заинтересирани и талентирани литерати ќе можат на практичен и непосреден начин да ги разменуваат своите искуства, да ги елаборираат своите идеи, тематски зафати, своите креативни окупации. Следната цел е да се создадат стихови (текстови) во кои Битола ќе биде третирана како историски, географски и културен хронотоп, кои натаму ќе останат во нејзината културна оставштина. Мината година на БИТ ФЕСТ, со младите вљубеници во литературата работилница одржа Венко Андоновски, на тема Битола – литературна преокупација. И оваа година по неколкуте одржани работилници со професорките Милица Радевска и м-р Даниела Петровска, најнаградуваниот битолски автор Петре Димовски, финалната работилница ќе биде со едно од најголемите имиња на македонската книжевност Венко Андоновски, а заложбата е авторските текстови на учесниците на работилниците да бидат објавени. Останува уште како намера, оваа литературна манифестација да се интернационализира, со учество на автори од балканските и европските простори. Ваквите работилници, како простор за непосредно согледување и усвојување на директните искуства, сигурно еден ден ќе прераснат во репектабилна институционална одржлива форма, чија работа ќе и биде посветена на Битола.

BF2015FotoStihovi_1 BF2015FotoStihovi_2 BF2015FotoStihovi_3