БИТ ФЕСТ: СО ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО ЗАВРШИ БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ 2017“

БИТ ФЕСТ: СО ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО ЗАВРШИ БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ 2017“

Со традиционалната манифестација „Широк сокак во бело“, официјално беше означен крајот на единаесетото издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2017“. Многу гости, добра забава и незаборавно доживување. Оваа година за забавата да биде на највисоко ниво се погрижи светски познатата супер стар Дј и вокал SONIQUE. Пред Соник атмосферата ја загреваа ДЈ Рикардо, ДЈ Андреј Ѓошев, Љубиша Милошевски. Специјални гости на настанот беа Робин Мастер и Микел Оутзен од Данска.