Како дел од програмата на Битолското културно лето „Бит Фест“, најмладите имаа можност да се забавуваат со дел од најголемите музички хитови на Детскиот музички фестивал „СИ – ДО“. На концертната вечер на „СИ – ДО“ на Плоштадот Магнолија, настапија десет изведувачи, кои заедно со Кловнот Заги, направија прекрасна атмосфера, исполнета со многу публика, игра и песна.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2018/08/sido1-783x500.jpg)