Руското КУД „Славјанка“, настапи во рамките на Битолското културно лето „Бит Фест“.Пред битолската публика беа претставени руски народни и популарни песни и македонски народни песни.
Во групата учествуваат жени од различна возраст, од средношколки, студентки, до пензионерки, а нивниот настап каде и да се случува, претставува вид скалило кон поуспешна изведба и афирмација. Така и овојпат, „Славјанка“ на своите настапи, со својата публика ја сподели љубовта кон музиката, зошто песната ги зближува луѓето, а музиката им припаѓа на сите.
„Славјанка“ е руско културно – уметничко друштво, чии никулци се од 2000 та година, а израсна од желбата да се негува славјанската фолклорна песна. На почетокот составена повеќе од Русинки и Украинки, денес во неа членуваат повеќе Македонски, а бројката на оние кои биле нејзини членови во овие години е околу 60 лица. Во моментот „Славјанка“ брои 18 пејачки, со тенденција групата да го проширува својот состав. Вкупниот репертоар на песните изнесува повеќе од 50 песни од богатата ризница на славјанските народи.