БИТ ФЕСТ: РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТУВАЊЕ НА СТОП АНИМАЦИЈА

БИТ ФЕСТ: РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТУВАЊЕ НА СТОП АНИМАЦИЈА

Во организација на Фото – кино клубот од Битола, а со поддршка на БИТ ФЕСТ 2017 започна дводневната работилница за изработување на стоп анимација. Првиот ден е концентриран на теоретска едукација, додека вториот предвидува практична примена на стекнатото знаење. Работилницата е наменета за изработување на стоп анимација (анг. Stop Motion Animation) која е посебна техника за изработување на анимирани видеа со помош на рачно изработени модели (анг. claymation), куклен театар, или манипулирани фотографии.  Mожни се исклучоци при изборот на различните материјали со кои ќе се изработува, во зависност од креативноста на учесниците во работилницата. Овај начин на снимање и создавање видео приказна е побавен од нормалното снимање  со видео камера, но е интересен поради тоа што дозволува кршење на повеќе правила. Дел од нив се физичките правила (гравитацијата, нормалното минување на времето и  линеарноста). Тоа го прави овај начин на снимање уникатен бидејќи дозволува создавање видео содржини во кој со помош на нашата имагинација можиме да ги претставиме реалните моменти во поинаква димензија односно поинаква од реалноста. Целта е со помош на фотографии (фотографирање кадар по кадар) да се создаде заедничка видео приказна.