БИТ ФЕСТ: ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЕДИЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСКУШЕНИЈА“

БИТ ФЕСТ: ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЕДИЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСКУШЕНИЈА“

Националната установа Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“ – Битола, во рамки на проектот „По врвиците на хероите на Македонија“ започна со претставување на делата од едицијата „Македонски искушенија“. Програмата опфаќа 5 мултимедијални настани – претставувања на книги од едицијата „Македонски искушенија“, од страна на историчари.

Првиот настан се одржа на ден 07.08.2017 (понеделник- денеска), предавач беше професор Ѓорги Чекутков, кој на почетокот ја претстави едицијата „Македонски искушенија“ и зборуваше за Павел Шатев.

На следните настани ќе бидат прикажани и уметнички перформанси и инсерти од документарни филмови кои ќе ја доловат историската димензија на претставените личности и соодветните настани и околности во времето во кое тие живееле, твореле и се бореле. Секој мултимедијален настан има за цел од историски аспект да го разјасни и потенцира придонесот на истакнатите македонски дејци за ослободувањето и осамостојувањето на Република Македонија.

 

Главна цел на проектот е:


-да се претстави содржината на едицијата

– да се привлече вниманието на јавноста преку создавање на подетална претстава за историските личности и настани и побудување на интерес за купување на книгите

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и општина Битола во рамки на програмата БИТФЕСТ 2017.