БИТ ФЕСТ: ОПЕРСКИ АРИИ СО АНА СИНИЦКИ

БИТ ФЕСТ: ОПЕРСКИ АРИИ СО АНА СИНИЦКИ

Во рамките на Битолското културно лето, мецосопранот со битолско потекло, Ана Синицки, која живее во Србија, во пијано придружба на Мери Бојиќ Радојиќ, создаде прекрасна атмосфера во концертната сала на Завод и музеј, одржувајќи извонреден концерт, исполнет со бројни оперски арии, филмски нумери, наполитански и шпански песни. Многубројната публика која со задоволство го следеше концертот, не го криеше своето воодушевување од прекрасниот настап и моќен глас на Ана Синицки. Својата импресионираност ја изрази и градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, која честитајќи и на Синицки за извонредниот концерт, за нејзината моќност, грациозност, громогласност, величественост, истовремено и се заблагодари за оваа посебна вечер на Бит Фест.