БИТ ФЕСТ: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ДРЖАВНОСТА НА ХРВАТСКА

БИТ ФЕСТ: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ДРЖАВНОСТА НА ХРВАТСКА

Со повеќе активности, во НУ Завод и музеј во соработка со Општина Битола, македонско – хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола, како и во соработка со хрватската матица на иселеници Сплит и Хрватската Амбасада, традиционално и годинава, беше одбележан Денот на државноста на Хрватска. Во рамките на реализираните активности беше отворена изложбата на хрватската уметничка Нивес Чичин Шаин, а се одржа и концерт на хрватската клапа „Vocalis salone“. Преку концертот на машката клапа – Вокалистите на Салона, изложбата на уметничката Нивес Чичин Шаин од Сплит и прикажување на документарниот филм за нејзината работа, беше презентиран дел за хрватската традиција и култура во Битола. Машката клапа „Вокалистите од Салона“ е ансамбл кој ги негува традиционалните музиколошки корени и карактеристики на медитеранскиот регион и ги спасува од заборав хрватските напеви. Концертниот репертоар ги опфаќа и композициите на современите композитори создавани врз автохтони хрватски основи и традицијата од скоро сите историски периоди. Изведената програма претставува презентација на хрватската култура и традиција, истовремено концерт со едукативно делување за сите присутни.