БИТ ФЕСТ: „МЕЛОДИИ ОД ВИЕТНАМ“

БИТ ФЕСТ: „МЕЛОДИИ ОД ВИЕТНАМ“

Квартетот HBSO од Балетот и опера на градот Хо Ши Мин, преку презентацијата на „Мелодии од Виетнам“, предизвика незаборавна атмосфера во Културниот центар Магаза. На концертот на две виолини, виола и виолончело, учествуваа: Танг Танх Нам (Tang Thanh Nam) – виолина, Нгуиен Тхи Чук Тхуиен (Nguyen Thi Truc Thuyen ) – виолина, Фам Ву Тхиен Бао ( Pham Vu Thien Bao) – виола и Нгуиен Тан Ањ (Nguyen Tan Anh ) – виолончело. Следејќи ја богатата програма присутните гости имаа можност да допрат до мелодиите кои доаѓаат од едно толку далечно место, а преку исклучителната изведба на композициите, концертот остави посебен печат на Битолското културно лето, кој значи впечатливост, трајност, мигови на незаменливост. Пред публиката на БИТ ФЕСТ, квартетот ги изведе композициите: Нгуиен Ван Тхуонг:“Враќање во татковината”, Хоанг Куонг: Четири слики од годишните времиња, Нгуиен Мањ Зуи Лињ: Дует за виола и виолончело, Данг Хју Фук: ПицикатоВиетнам, Нгуиен Мањ Зуи Лињ: Композиција за гудачки квартет, Ву Виет Ањ:“Skyline”за гудачки квартет, П. Варлок: 2 става од “Каприол свита” за гудачи и А. Дворжак: Гудачки квартет бр.12, оп. 96 “American”- Финале.