Во рамките на БИТ ФЕСТ 2018, пред Домот на АРМ беше отворена изложбата на фотографии насловена „ТРИ ТОЧКИ“.
Проектот „ТРИ ТОЧКИ“ е во организација и реализација на членовите на Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“ кој работи во состав на Народна техника-Битола.
Најголемиот број од учесниците се млади до 21 година, кои за првпат се сретнале со начинот на изработка на фотографии во фото школата, која се одржува секоја година и на која земаат учество околу 25 млади таленти од нашиот град. Но, има и искусни и докажани фотографи – наградувани на престижни изложби и фото натпревари во земјата и странство.
Изложбата на фотографии претставува можност за директно креативно ангажирање на млади, истата е со препознатливи вредности и претставува освежување во богатата фотографска традиција на Битола.