Во организација на Сојузот на борците од Битола, во КЦ Магаза беше отворена изложбата на фотографии насловена „Партизани од НОАВМ од Битола и битолско“, составена од 28 портрети на партизански легенди. Автор на изложбата е историчарот д-р Александар Литовски.
Покрај фотографии од битолските партизани, во овој концепт се вклучени и имиња кои не се од Битола, но имаат исклучително значење за Народноослободителната војна.
Изложбата ја отвори заменик градоначалничката Емилија Костурски.