Тоа е фокусот на потпишаниот Меморандум за соработка, помеѓу градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески, Н.Е. Дан Оријан, израелски амбасадор во Македонија и раководител на одделот за Балканот и Здружението за одржлив урбан развој, архитектура и амбиент – АРХАМ од Битола. Проектот предвидува најпрвин симболично засадување дрва, а нивниот број ќе биде еднаков со бројот на еврејските семејства што некогаш живееле во Битола, конзервација на еврејските гробишта, подигнување на јавната свест на локалната заедница за значењето на оваа урбана целина и промоцијата на овој историски споменик за сите посетители на градот, а особено за Евреите од целиот свет; создавање платформа за проширување на партнерите во овој проект со релевантни национални и меѓународни институции, меѓународна промоција на овој историски простор, со што ќе се придонесе во зајакнувањето на пријателството, соработката и меѓусебното разбирање помеѓу македонскиот и израелскиот народ. Овој Меморандум беше финале на сите останати дипломатски и културни активности, кои што во рамките на БИТ ФЕСТ се реализираа со сесрдната вклученост и пресретливот на Н.Е Израелскиот амбасадот Дан Ориан и битолскиот градоначалник Талески, а во Музејот беше премиерно претставена и изложбата „ЕВЕ СУМ“- Израелските предели во илустрациите на детски книги издадени од 1948 – 2014. Изложбата ја пренесува пораката за изградбата на свеста на националниот идентитет, преку сликовниот јазик на детските илустрации. Куратор на изложбата е еминентната израелска илустраторка Лиора Гросман. Лиора Гросман е графички дизајнер и илустратор, како и поранешен професор по уметности на неколку угледни израелски уметнички академии. Работела и како илустратор за водечките весници и списанија на Израел, за бројни издавачки куќи на книги за деца и млади во Израел и пошироко. Нејзиното резиме брои над 150 илустрирани книги, бројни илустрации за разни рекламни кампањи како и кураторство над неколку меѓународни изложби на израелската детска книга со предавања во САД и Јужна Америка. Изложбата, која е подготвена на македонски јазик премиерно се поставува во Битола,за публиката на Бит Фест 2015. Г-ѓата Лиора Гросман, во својот осврт за значењето на детската илустрација во градењето на идентитетот на генерациите кои доаѓаат, подвлекува: „Фасцинантно е да се истражат невидливите конци кои ги поврзуваат илустраторите на детски книги од сите историски периоди и потоа да го дефинираме ова недофатливо нешто, кое што е “Ние”.“
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор