БИТ ФЕСТ: „БУРЕ – БАРУТ“ – ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА

БИТ ФЕСТ: „БУРЕ – БАРУТ“ – ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА

На сцената на Народниот театар, публиката во Битола имаше можност да ја погледне театарската претстава „Буре барут“ во изведба на актерите од Драмски театар – Скопје, а во режија на Сашо Миленковски. “Буре барут” овозможува нешто поинаков агол на гледање/читање на настаните сега – со што ја докажува севременоста на драмата на Дуковски. Говори за нас, за нашиот балкански менталитет: малку, малку па на Балканот ќе експлодира бурето со барут, со затуреното помнење на сите војни, врзани за денешнината. Исполнета со многу емотивни елементи, преку духовитите реплики од драмата и хуморот со кој се раскажуваат најтемните страни на животот, Миленковски доловува приказна за малите, тивки, срамежливи луѓе кои, како буре со барут, можат секој момент да пукнат. Тие духовити реплики удираат моќно. И ова „Буре барут“ предизвика многу емоции кај бројната публика, која за изведбата раскажуваше со воодушевување.