Со бурен аплауз, беше поздравена изведбата на претставата „Сон на летната ноќ“, во режија на Андреј Цветановски, во изведба на Театарот Комедија, на затворањето, на јубилејното – петто издание на Интернационалниот Битола Шекспир Фестивал.
Покрај што фестивалот од година во година, бележи нагорна линија, значаен е и фактот што многу театри од Република Македонија, се осмлија да го постават Шекспир во нашата држава. Преку „Битола Шекспир Фестивал“ се потврдува дека и македонските претстави лесно може да се пласираат на значајни фестивали, затоа што Шекспир е секогаш актуелна тема.
За следното издание на „Битола Шекспир фестивал“ веќе постои голем интерес од повеќе земји. Овогодинешното издание на фестивалот се реализираше со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.