БИТОЛА НА МАЛИОТ СВЕТСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО БРАДФОРД

БИТОЛА НА МАЛИОТ СВЕТСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО БРАДФОРД

Станувајќи дел од мрежата на креативни градови на УНЕСКО, Битола доби нови, големи можности за промоција и понатамошен развој на филмската приказна на градот. На овој начин, отворени се и нови перспективи за реализација на проекти во различни области, соработка во светски рамки, што ќе придонесе за позитивно влијание врз понатамошниот развој на културата, туризмот, а со тоа и унапредување на локалната економија.

После објавениот повик од филмскиот град Брадфорд, Општина Битола со свој краткометражен филм, аплицираше на малиот светски филмски фестивал, чија тема насловена како „Мојот град“, обединува филмски приказни од повеќе градови членки на мрежата на УНЕСКО и истовремено, како што вели директорот на Филмскиот град Брадфорд во интервју за Telegraph and Argus http://www.thetelegraphandargus.co.uk/news/15262085.Small_World_Film_Festival_returns_to_City_Park_next_month_for_third_time/, претставува катализатор низ кој на светот може да се прикажат сите оние елементи кои се единствени и посебни за сите градови членки на УНЕСКО кои се дел од програмата на Малиот светски филмски фестивал во Брадфорд.

Филмот со кој општината учествува на Светскиот филмски фестивал ги исполни потребните критериуми и на тој начин Битола влезе во фестивалската програма, во која што учествуваат голем број градови од повеќе земји, од сите делови на земјината топка, од Америка, Јужна Америка, Нов Зеланд, од Авганистан до Кина.

http://bradford-city-of-film.com/small-world-film-festival-returns-to-city/

„Мојот град Битола (“My city Bitola) е краток документарен филм кој зборува за убавината на Битола, за нејзината филмска убавина, богатото културно историско наследство и големиот број културно уметнички содржини кои градот го прават навистина посебен.

http://bradford-city-of-film.com/enjoy/smallworldfilmfestival/

Програмата во рамките на фестивалот во Брадфорд, ќе биде дел од отвореното кино во овој град во срцето на Англија. „Мојот град Битола“, после прикажувањето во Брадфорд, ќе биде дел од програмата на Santos Coffe Festival кој во јули ќе се одржи во Бразил.

Најдобрите филмови од фестивалот во Брадфорд ќе бидат прикажани за време на единаесеттиот годишен состанок на мрежата на креативни градови на УНЕСКО кој ќе се одржи во Анген ле Бен (Enghien-les-Bains) во Франција во првата половина од месец јули.