Битола годинава ќе биде домаќин на караванот на 51-виот Празник на мимозите, кој го организира Општина Хергег Нови, од Црна Гора. Дефилето на градска музика и мажоретки од Херцег Нови, ќе се одржи на 26 јануари, со почеток во 12 часот, а почетна позиција ќе биде Плоштадот Магнолија, каде ќе бидат поставени и штандови, на кои ќе биде промовирана мимозата, симбол на овој град. Дефилето ќе продолжи по Широк Сокак, а граѓаните ќе имаат ретка можност да видат дел од атмосферата која по Повод празникот на мимозите, се организира секоја година во Херцег Нови.
Херцег Нови е збратимен град со Битола и ова дефиле е резултат на одличната соработка на локалните самоуправи, особено на градоначалниците на двете општини.