АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛО ЛАЖЕЦ

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СЕЛО ЛАЖЕЦ

Општина Битола, продолжува со подобрување на инфраструктурните услови во сите делови на општината.

Како дел од градежните работи кои се одвиваат на 17 локации, се врши асфалтирање на две локални улици во селото Лажец, каде за првпат се поставува асфалт.

Овие активности се дел од програмските заложби на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за комплетно подобрување на патната инфраструктура во руралниот дел на општината.

Од руралнитe средини во општина Битола, работни активности се одвиваат и во селата Егри, Оптичари, а се работи и на реконструкција на тротоар кон постоечки коловоз на дел од улица „Ѓурчин Наумов – Пљакот“ и улична мрежа на локален пат до село Долно Оризари, во должина од 1 километар.