АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИТЕ „ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВ ЏОЏА“ И „ПРОБИШТИП“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИТЕ „ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВ ЏОЏА“ И „ПРОБИШТИП“

На улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“, чии жители се соочуваа со речиси неупотреблива водоводна и канализациона мрежа и каде што ништо не било санирано повеќе од 40 години, во тек е финалниот дел од проектот за целосна реконструкција на улците, со поставувањето на асфалт на коловозот.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и дел од екипите задолжени за реализација на проектот на улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“ извршија увид во асфалтирањето и се сретнаа со локалното население, кое изрази задоволство за брзата санација на улиците и можноста да не се соочуваат повеќе до децениските проблеми, за кои велат дека сега ги оставаат зад себе.

Проектот за реконструкција на улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“ опфати поставување на мешовита канализација, по што следуваше изведба на водоводната мрежа. Целосната реконструкција на оваа улица е во вредност од над 3,2 милиони денари.